Обновување на Способностите

Се чувствувам многу среќно и сум многу весел поради тоа што со правењето на вежбите за обука и објектив вежбите многу работи се променија во мојот ум, моето тело и мојот карактер. Тие биле потиснати и уништени од моето тешко конзумирање алкохол во период од 38 години.
Се чувствувам смирен, смирено донесувам одлуки и смирено извршувам команди и наредби, што за разлика од порано сум бил постојано напнат и секоја работа сум ја извршувал со инает и нервоза. Пред да започнам со курсот Објективи ми требаше подолго време за да разберам нешто или да го вклучам умот, често заборавав и се прашував дали имам некоја болест како Алцхајмеровата. Сега умот ми работи одлично, тоа ме прави среќен и сфатив дека тоа ми било од конзумирањето алкохол. Благодарение на курсот Објективи умот повторно почна да ми работи како што треба.
„Воглавно имам многу придобивки, победи и промени кои ќе ми помогнат понатаму во животот“

Правејќи ги објектив вежбите добив и многу сознанија за мојот живот поточно за грешките кои сум ги правел во животот и сега знам како понатаму да се справувам за да не ми се повторуваат. Воглавно имам многу придобивки, победи и промени кои ќе ми помогнат понатаму во животот.
За сите мои досегашни успеси сум благодарен на технологијата на Нарконон, на студентите и на супервизорите кои ми помогнаа за време на објективите да истраам во вежбите и да го извлечам максимумот од секоја вежба. Без нив немаше да стигнам до најголемите победи во мојот живот.
Студент на Нарконон Балкан – В.П.