Ослободен од Дрога со цврсти чекори кон светла Иднина

Одлуката да се ослободам од зависноста и моето доаѓање во Нарконон Балкан ми го сменија животот целосно. Поточно јас си го сменив животот со поддршката и насоките од персоналот на Нарконон. Со помош на Детоксикацијата Нов Живот го исчистив телото од остатоците од дрогите кои се таложеле со години и сега се чувствувам како нов човек.

Научив како првилно да комуницирам, како да бидам истраен во работите што сакам да ги постигнам и го зголемив нивото на соочување кон луѓе и кон ситуации. Дознав нови работи поврзани со мене и со мојот живот и се вратив во сегашно време т.е. не ме демнат повеќе тие слики од лоши случки од минатото кои за мене претставувале кошмари. Сето ова го постигнав на курсот Објективи.

Потоа научив да ги распознавам луѓето според однесувањето и многу лесно можам да заклучам кои луѓе се штетни за моето здравје. Но, на овај курс исто видов каков сум јас и што можам да променам во моето однесување. Потоа научив многу за етиката, моралниот кодекс на однесување, за чесноста и првадата. Ги видов и соочив сите нечесни и лоши работи што сум ги направил и со тоа станав посвесен и почесен човек кој има знаење, размислува разумно и донесува правилни одлуки. Со последниот курс научив како да придонесувам во сите области од животот и како да ја менувам мојата состојба кон подобро.

„Спремен сум да го зграпчам животот во свои раце и да чекорам цврсто напред, ослободен од дроги и кон светла иднина.“

Се чувствувам како да сум нова личност и сигурен сум дека со конструктивните акции кои ги правам придонесувам во општеството. Спремен сум да го зграпчам животот во свои раце и да чекорам цврсто напред, ослободен од дрога и кон светла иднина.

Студент од Нарконон – Балкан - Г.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА