Осознав од каде произлегувале сите мои проблеми

Надминување на нестабилноста во животот

Со курсот “Надминување на нестабилноста во животот“ многу работи ги сватив појасно за својот сопствен живот. Осознав од каде произлегувале сите мои проблеми и кои последици се случувале поради тоа. Сватив дека уште од рана воздраст моите родители вршеле притисок врз мене со цел за да се зацврсти мојот карактер, сето ова го правеле со позитивна мисла но за жал кај мене го имаше спротивниот ефект.

Како помал секогаш ме одтргнувале за да не ги работам некои работи со тоа што ми велеле “не тоа не ова” “не така остави” “ неможеш ти“. Со сите овие акции ми оставале премногу слободно време во кое се досадував и немав ништо што да правам освен тоа да си создавам свои игри кои сум ги правев прикриено. Со сите тие прикриени игри се одтргнував полека од нив и смислував само што да направам за моите родители да не дознаат за тоа. Со текот на времето почнав и да не споделувам ништо со нив ниту добро, ниту лошо. Доколку имав некоја потешкотија никогаш не се обраќав кај моите родители туку секогаш утехата ја барав кај своите пријатели кои мислев дека многу повеќе ќе ме разберат и помогнат. Но за жал сега го увидувам сосема спротивното. Имав премногу лош концепт уште од самиот почеток.

Среќно семејство

Да криеш се од сопстената фамилија а да споделуваш се со луѓето од околината и да веруваш дека само тие можат да ти помогнат. Со сето тоа се одалечив од својата фамилија и помошта и утехата почнав да ја барам на улицата. Дури сега ја согледав својата грешка и сватив од каде работите почнале да одат во надолна патека. Сега работите ги гледам многу поинаку и понатаму знам како да постапувам во животот. Секогаш ќе давам потврди за добрите работи, а оние лошите ќе ги корегирам на најдобар и најсмирен начин. Секој греши но е многу поинаку кога си свесен и кога ќе увидиш каде си згрешил и на тој начин можеш да ги поправиш грешките.

Студент од Нарконон – Балкан А.И.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА