Супресијата и бегството од проблемите

Бегството од проблемите

Денес ја открив причината зошто јас воопшто посегнав по дрога и алкохол. Мојата мајка уште од кога бев мал често паничеше за секоја моја грешка и постојано бевме во расправија. Постојано слушав „не го прави тоа“, „немој така“ и слично. Таа на таков начин знаела да пристапи кон работите, кон мене и кон сите други. Но јас бев во постојана супресија и цело време се чувствував дека незнам и дека не сум способен да донесам сопствена одлука.

Поради тоа јас бегав од дома, бегав од проблемите, едноставно се оддалечував од нив затоа што постојано се осеќав виновен. Почнав да се доверувам на другарите затоа што тие не ми викаа, не ме обвинуваја за моите грешки и не се расправаа со мене. Од таму започна се. Пробав алкохол и цигари и никој не ми викаше и не ме караше за тоа поради што и тие го правеа истото. Потоа почнав да земам примери од нив и од брат ми кој е постар од мене. Започнав со дрогите и таму го допрев днотото.

„Денес сум среќен и слободен човек, ослободен од дроги, не зависам од ништо и никого и носам сопствени одлуки. Цврсто сум убеден дека моите одлуки се правилни и точни.“

После долга борба да соочам дека имам проблем во животот, конечно донесов одлука и дојдов во Нарконон да го справам и решам мојот проблем. Денес сум среќен и слободен човек, ослободен од дроги, не зависам од ништо и никого и носам сопствени одлуки. Цврсто сум убеден дека моите одлуки се правилни и точни.

Пораката до родителите би била: „Не ги супресирајте своите деца, дадете им простор да донесат своја одлука за нештата а потоа корегирајте ги на благ начин.“

Пораката до тинејџерите би била: „Бидете свои, носете сопствени одлуки и не се угледувајте на другите зато што тоа мене не турна на дното.“

Студент од Нарконон – Балкан Г.З.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА