Осознав премногу работи кои ќе ми го направат животот прекрасен

(Слика од Daxiao Productions\Shutterstock.com)

Секогаш во животот многу цврсто сум ги држела ситуациите кои реално ме повредувале, незнаејќи кога да пуштам или дали воопшто да пуштам без разлика на последиците.

Но, со оваа вежба осознав премногу работи кои ќе ми го направат животот понатаму реално прекрасен. Чувството на пуштање не е воопшто тешко, напротив е олеснително добро.

Изборот за реалните работи кои ги “допираме” (ситуации, луѓе, предмети) е наш, односно јас самата можам и сум способна да изберам која ситуација ќе ја допрам и ќе ја пуштам. Но, тука е и способноста со која се здобив од овој објектив. Како и во секојдневието така и во изборот многу е важно да сум внимателна.

Како и слободата што ја имам здобиено се поврзува со слободата на избор, јас сум слободна да го направам изборот. Суштината, составот, големината на работите не го менува фактот дека иста е способноста на допирање и пуштање. И најзадоволна од се сум што добив еден поттик на самодоверба која секогаш ми била минимална, станав самоуверена и сигурна во својата способност, или способности.

И.К.—Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА