Пет години после Нарконон Програмата

Пред околу пет години се одлучив да дојдам во Нарконон Балкан и да ставам крај на животот кој што создаваше повеќе проблеми отколку уживање и беше еден вид на измачување како за мене така и за моите најблиски.
Мојот случај беше малку поразличен од другите со тоа што јас не почнав да “пушам трева” па да преминам на потешки дроги туку користев најпрво алкохол, па кокаин и на крај “легална дрога” односно лекарства. Исто така различно беше тоа што јас за многу краток период се впуштив во игрите на тој “интересен” свет и бев заробена од канџите на луѓето што се претставуваа како мои пријатели. Но, проблемот беше ист, или сличен како кај повеќето од нас, јас наместо да се справам и да решам некоја ситуација излез наоѓав во дрогата. Затоа што кога си “хај” све е полесно, а не бев свесна колкава штета си правам себеси и колку ги повредувам луѓето што вистински ме сакаат.
Морам да напоменам дека животот не е воопшто лесен, ниту пак можеме да се опуштиме и речеме дека сега можеме да оладиме. Не, напротив животот не е лесен, ниту пак е одмор. Во овие пет години сум се нашла во искушенија и ситуации кои ме потсетиле или за момент ме навратиле на минатото. Сум имала и лоши моменти, но и добри. Никогаш не знаеш како да се справиш со некој проблем се додека не го искусиш, ниту пак знаеш кога ќе ти се случи некоја ситуација. Но, доколку секојдневно работиш на себе, доколку ја достигнеш точката каде што ќе знаеш што е правилно, а што погрешно можеш со сигурност да кажеш дека знаеш како да живееш, а јас со сигурност го знам тоа после Нарконон програмата.
„Нарконон Балкан има големо значење во сето ова.
ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРАМ!“
Еден од најголемите успеси во мојот живот е тоа што ја откачив зависноста и сум подобра личност од што бев пред да земам дрога. Со гордост можам да кажам дека денес сум зрела личност, која што не гледа препреки на патот кон своите цели. Имам јасни мисли и сигурна сум во себе, се трудам да дадам максимум од себе за да го постигнам она што сум го замислила и не ми е битно мислењето на другите, затоа што знам дека сум ја донела правилната одлука за себе. За овие пет години создадов свое мало семејство и креирам дом, градам кариера и студирам. Повторно ги воспоставив односите со моите најблиски роднини и си ги одбрав најблиските пријатели. Нарконон Балкан има големо значење во сето ова. ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРАМ!
Дипломец на Нарконон Програмата – Ј.З.
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)