Победи и Придобивки од Детоксикацијата Нов Живот

New Life Detoxification—Narconon Balkan

Пред да почнам со програмата за детоксикација „Нов Живот“ сите работи околу мене ме нервираа, многу ретко се случуваше да се насмеам или пак да се нашалам. Но кога влегов во сауна како деновите поминуваа јас се чувствував се подобро и подобро.

Ми се врати бојата на лицето, ја покачив мојата телесна тежина, кошмарите што ги имав конечно се изгубија и почнав да спијам како бебе. Ми се врати силата, насмевката и позитивната енергија. Како што поминуваа деновите во сауна, осеќав како од мене излегуваше „лошото“. Почнав моето тело да го чувствувам полесно и поубаво.

„Најголема победа за мене е тоа што повеќе немам мисли ниту пак желба за хероин.“

Најголема победа за мене е тоа што повеќе немам мисли ниту пак желба за хероин. Порано кога ќе помислев на хероин морав во најбрзо време да земам, но сега тоа чувство е исчезнато.

Им се заблагодарувам на сите вработени што беа со мене и што ми помогнаа да поминам низ програмата за детоксикација „Нов Живот“. Голема благодарност и до Нарконон Програмата.

Студент од Нарконон – Балкан - Ѓ.Н.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА