Вистински Нов Живот од Детоксикацијата

Вистински Нов Живот од Детоксикацијата

Јас пред да започнам со Детоксикацијата Нов Живот и за времето додека бев на тој чекор бев многу агресивна личност со премногу лоши мисли и мислења за другите околку мене. Имав премногу мисли, сега согледувам дека тие не биле реалност и сум правел премногу лоши акции со кои сум ги повредувал луѓето кои биле околу мене. Во текот на сауната понекогаш чувствував како позади главата имам здрвеност а умот ми беше целосно заматен. Од дрогите и лекарствата кои ги конзумирав не бев способен да сврзам ниту една реченица, комуникацијата ми беше на ниско ниво и доколку требаше да прочитам нешто тоа мораше да го правам по три пати за да можам да разберам и да дуплицирам што пишува.

„Сега навистина имам нов живот од детоксикацијата“

Сега кога сум на крајот со процесот на детоксиикација чувствувам како умот ми е избистрен. Никогаш во својот живот не сум бил толку смирен. Никогаш толку многу не сум уживал во животот и во природата што ме опкружува. Се чувствувам многу поенергичен, повителен и со чисто тело. Исто така сега можам и да седам мирно, предходно не бев способен да седам мирно на едно место. Неможев да изгледам ниту еден филм без да имам немир во мене.

Сега се чуствувам многу смирено и релаксирано. Не чувствувам повеќе досада во секое време. Можам целосно да се опуштам и да уживам во животот без дроги, алкохол или лекарства.

Студент на чекорот за Детоксикација Нов Живот - М.А.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА