Победи, Придобивки и Обновени Способности

Среќен човек
(Слика од Nicolas Jossi/Unsplash.com)
 

Доживеав разни промени и манифестации но на крајот ги надминав и победив. Сфатив дека во животот е многу важно да сум флексибилен, да сум способен брзо и лесно да се прилагодувам кон луѓе и ситуации кога е тоа неопходно исто така сум свесен дека ја обновив таа способност и се служам со неа секој ден. Дрогите и алкохолот ми ја скратувале оваа способност и ме правеле крут.

Сфатив дека додека сме деца учиме за сè во животот, што е правилно и што не е правилно, што е црно и што е бело, за сето тоа учиме од родителите и од луѓето околу нас, но не секогаш успеваме да научиме што е вистински правилно.

Кога го испушив првиот џоинт мислев дека сум открил нешто ново и дека тоа што го правам е нешто невероватно, а всушност тоа била една огрмна грешка и отварање на еден долг, изопачен и лош пат, по кој одејќи експериментирав самиот на себе пробувајќи најразлични дроги и се донесов во ситуација да не можам да си помогнам самиот на себе, сè започнало само од еден џоинт. Нема повредно нешто во животот од здравиот разум, би му препорачал на секого да проба, искуси и користи. Дрогата и алкохолот заслужуваат само презир.

Се чувствувам прекрасно, препородено и самодовербата ми е на високо ниво. Знам дека тоа што го мислам, тоа што го чувстувам и тоа што го правам е вистински добро, здраво и правилно за мене и за мојата околината. Живееме во дуален свет, на едната страна е темно, матно и заплетено додека на другата е светло, чисто, бистро и јасно. Јас бев долги години на темната страна, користев дрогирав, се коцкав, злоупотребував луѓе и пари, се уништував самиот, уништував сè околу мене и не бев свесен за тоа. Не бев искрен со самиот себе, бидејќи темната страна залажува и заслепува со задоволствата што ги нуди, кои кратко траат и од ден на ден повлекуваат кон дното.

„Благодарение на Нарконон програмата јас испливав надвор од таа темна страна на животот и сигурно влегов во светлата страна, во која што преовладува позитивна и убава енергија, каде што поддржувам и сакам да се дружам со здраворазумни луѓе кои вибрираат високо каде што секој нареден ден е полн со ентузијазам, надминувања и победи што пружат природни задоволства што траат и од ден во ден ме креваат
на повисоко ниво.“

Благодарение на Нарконон програмата јас испливав надвор од таа темна страна на животот и сигурно влегов во светлата страна, во која што преовладува позитивна и убава енергија, каде што поддржувам и сакам да се дружам со здраворазумни луѓе кои вибрираат високо каде што секој нареден ден е полн со ентузијазам, надминувања и победи што пружат природни задоволства што траат и од ден во ден ме креваат на повисоко ниво.

Сфатив дека откако дојдов на рехабилитација во Нарконон Балкан па се до денес имам многу придобивки, победи, обновени способности, промени во однесувањето и начинот на кој ги гледам и им пристапувам на нештата, дефинитивно сум импресиониран и задоволен. Уверен сум во тоа дека секој може да си го промени животот кон подобро, само доволно е да сака.

Станав свесен за тоа дека најблиските луѓе од фамилијата биле среќни, радосни само на моето присуство, ми давале многу љубов, се труделе да направат да се чувствувам убаво, а јас сум бил со заматена свест од дрогите и не сум бил способен да го забележам тоа а камоли да им возвратам и да го направам моментот уште поубав.

Дрогите ја заматуваат свеста, ги отапуваат чувствата и прават од човекот не-човек, неспособен да размислува здраво и да чувствува. Јас сум ослободен од дроги четири и пол месеци и чувствувам голема благодарност кон луѓето кои ме поддржаа да дојдам во Нарконон и луѓето од персоналот на Нарконон што ми помагаат и ме насочуваат кон целта а тоа е квалитетен живот полн со љубов, радост, победи и цврсти чекори напред. Ви благодарам што постоите и ве сакам сите.

Студент на Нарконон Балкан – Б.С.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА