“ПОДГОТВЕНА ЗА НОВИ УСПЕСИ„

После завршувањето на вежбите за комуникација и контрола имам многу големи придобивки, многу големи успеси.
Најважното и првото нешто што го постигнав беше да бидам удобно, т.е. да се чувствувам удобно секаде и во секоја ситуација. Со самото ова почнав многу подобро да се соочувам со работите околу мене, да се соочувам со просторот - средината во која се наоѓам, успеав да се соочам со фактот дека сум во Нарконон Балкан — дека секојдневно ќе се среќавам и со пријатни и со непријатни случки.
МОЖАМ ОДЛИЧНО ДА СЕ СООЧАМ СО СЕ.
Успеав да се соочам и со некои случки од минатото кои понекогаш колку и да не дозволував, сепак успеваа да ме вознемират.
Вистинското чудо (— е за ова бев малку скептична - но се потврди спротивното-) почнав да го чувствувам со наредните вежби - вежбите за комуникација.
Станав посамоуверена, посигурна, можам да се снајдам во секаква комуникација. Многу полесно ми е да повторувам едно нешто исто толку пати колку што е потребно за да го постигнам посакуваното.
Истрајноста ми е зголемена, не се откажувам лесно при појавување на некоја пречка.
Ова досегашно мое искуство во Нарконон Балкан ме научи како на многу лесен начин да си ги постигнувам целите.
Се чувствувам многу убаво и задоволна сум од се што постигнав досега.
Е.Ц. - СТАФ ВО НАРКОНОН БАЛКАН