Студент на Нарконон Балкан – Н.А.

Поголемо ниво на Свесност

Не верувам дека некој свесно прави грешки со лоши последици или ако ги прави тоа се многу мал број и сепак имаат некоја причина. Сфаќам дека за било што во животот треба свесност, разумност и работите треба да ги гледаме од повеќе страни. Предходно многу работи сум ги сфаќал несериозно и затоа истите ми предизвикаа многу удари кој ми создадоа голема внатрешна болка.

„Разумот ми е далеку на поголемо ниво во секој случај.“

Разумот ми е далеку на поголемо ниво во секој случај. Знам и сигурен сум дека понатаму во животот и за најмала работа нема да и пристапам несериозно и лабаво, затоа што ако го потценам и најмалиот проблем и тој може да ме сруши и од мал може да стане најголем.

Посериозно ќе му пристапувам на работите и оние позитивни и добри секако ќе си ги задржам, а оние негативни по автоматизам не сакам да ги погледнам а не пак да се замарам и да мислам на нив. Тука игра клучна улога свесноста, разумот и сериозноста. Само со тие особини можеме да си го направиме животот да ни е убав и да уживаме во него.

Студент на Нарконон Балкан – Н.А.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА