Објективни Вежби

По завршувањето на објективните вежби во Нарконон Балкан се осеќам многу мирно, среќно и спокојно. Победите и сваќањата направија да се запознам повторно самиот себе. Престанав да живеам во минатото, своите грешки си ги простив и не се каам за истите. Станав многу свесен за се околу мене и за последиците од грешките па ги прифатив истите. Проблемите кои ме гушеjа и притискаа веќе ги нема, се ослободив од сопствениот затвор! Послем долго време сум целосно ориентиран кон себе и знам што е добро а што лошо за мене. Комуникацијата и контролата на се околу мене ми е на едно многу големо ниво, никогаш предходно не сум имал толкава голема свесност. Почнав да ги сослушувам луѓето, да ги разбирам и да сфатам што ми кажуваат. Имам преголема позитивна енергија во мене со која можам да донесам вистински одлуки без да имам погрешно влијание на истите. Мојата етика се качи на високо ниво, слободното време сакам да го исполнувам со акции кои се конструктивни и за кои не чувствувам никаков умор затоа што прв пат правам нешто од срце! Секоја победа и секое сфаќање кое го имам на програмата одма го применувам и доколку нешто погрешам одма се корегирам затоа што несакам повеќе да си го погазам мојот збор затоа што со тоа ќе се погазам и самиот себе ! Во Нарконон Балкан јас станав она што од секогаш сум сакал да бидам и кое мислев дека не е возможно, ама за прв пат во мојот живот донесов цврста одлука и бев истраен за истата! Преголема благодарност до целиот тим затоа што ми покажаа дека можам да бидам тоа што сакам без да имам влијание од тоа што се случило во мојот живот !!!
Б.А. Студент во Нарконон Балкан


