Постојат добри работи и вреди да се бори човек за нив

Кога пристигнав во Центарот за рехабилитација од дроги и алкохол—Нарконон Балкан, бев тежок 57 килограми, омалаксан, изгубен, без волја и без никаква сила. За мене не беше возможно да заспијам без да конзумирам лекарства, имав тешкотии со дишењето и често користев пумпици за астма, ми се тресеа рацете а меморијата ми беше целосно уништена од дрогите кои сум ги земал. Бупренорфинот кој последниот период го користев како терапија ме донесе до ненормална психо-физичка состојба. Ништо ми немаше останато освен мислите на кој начин и кога да си го одземам животот.
Битно е дека сега сум со чисто тело без било какви остатоци од дрогите и спремен сум да се борам понатака.
“Битно е дека сега сум со чисто тело без било какви остатоци од дрогите и спремен сум да се борам понатака.”
Во Нарконон Балкан полека работите почнаа да се менуваат, 22 дена за време на чекорот за Одвикнување, без никакви лекарства и никакви дроги, конзумирајки само витамини и минерали поминав тешко, а кога започнав со Детоксикацијата Нов Живот мислев дека ќе биде уште потешко. Поминував низ секаков вид на реакции, нервози и главоболки но одеднаш се почувствував супер. Почна да ми се враќа вербата дека не е се изгубено и дека има надеж да успеам да живеам живот без дроги. Битно е дека сега сум со чисто тело без било какви остатоци од дрогите и спремен сум да се борам понатака.
Студент во Нарконон Балкан – А.Д.
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)