Повторно Среќен и Продолжувам Успешно да Функционирам

Narconon Balkan
(Слика од PixieMe/Shutterstock.com)
 

Точно пред 1 година прв пат решив да се соочам со реалноста и проблемите во животот. Поради мојот начин на живот и однесувањето се донесов во ситуација да имам сериозен проблем со зависност од алкохол, нарушено физичко здравје, ментална нестабилност и тотална изгубена контрола врз себе и се поврзано со мене.

Имав среќа што мојот избор на решавање на проблемот со зависност беше Нарконон програмот и персоналот што го водат истиот. Сега можам да кажам дека се заслужни што на најбезболен начин успеав да го решам проблемот за многу кратко време.

Одвикнувањето не беше толку тешко, можам да кажам се случи со голема леснотија. Клучот за целосен успех беше едукацијата, која навистина ја уживав и која ме направи тоа што сум денес. Тоа е мојата најголема победа и придобивка, мојата одлука за да почнам да се соочувам со реалноста и со животот.

„Успешно функционирам во сите аспекти на мојот живот, амбициозен и креативен, конструктивен и прогресивен, секојдневно со леснотија се справувам и се соочувам со секојдневието, одлична смисла за хумор и способност за комуникација и целосна контрола врз себе и се околу мене или поврзано со мене.“

Денес сум супер среќна и задоволна личност. Успешно функционирам во сите аспекти на мојот живот, амбициозен и креативен, конструктивен и прогресивен, секојдневно со леснотија се справувам и се соочувам со секојдневието, одлична смисла за хумор и способност за комуникација и целосна контрола врз себе и се околу мене или поврзано со мене. Моето физичко и ментално здравје се одлични, тоа е веќе така подолго време и сум презадоволен со тоа. Ниту еден ден во последнава година не сум се разбудил во лошо расположение, уморен или пак со некои потешкотии. Секогаш полн со енергија, свеж и добро расположен.

Ова се факти и придобивки од мојата одлука да почнам да се соочувам и да креирам конструктивни акции. Само со овој пристап кон животот ќе напредувам и ќе придонесувам кон својот напредок и се поврзано со мене. Денес точно знам што да правам, како да правам и што треба да се прави за да се ужива во животот, да бидам среќен и успешен и од тоа да имам придобивки, а во исто време сите околу мене да ги чувствуваат придобивките од моите промени.

На крајот уште еднаш огромна благодарност до Нарконон Балкан и целиот персонал кој ми овозможи да си ја повратам мојата личност, да сум повторно среќен и да продолжам успешно да функционирам понатаму во животот.

Дипломец на Нарконон Балкан - И.Ц.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА