Се чуствувам како херој
Изучувајќи го курсот “Лични Вредности“ и согледувајќи ги сите штетни постапки кои сум ги направил спрема самиот себеси, а и другите околу мене, дознав и сфатив појасно како сум се однесувал спрема својот личен живот, своето тело и мојот ум заедно со својот опстанок.

Најболниот период бил периодот кога видов како дрогите како супстанции ми биле преголема замка и со секое конзумирање на истата сум мислел дека постигнувам нешто, а всушност сум бил во еден голем ќорсокак. Сфатив колку сум бил нечесен спрема себеси и колку само мојата среќа, моето расположение и самодоверба зависела од дрогата. Така дрогата го зела мојот здрав разум од мене, му штетела на моето ментално здравје и зазела целосна контрола врз мојот живот. Се чуствувам како херој затоа што успеав да излезам од тој мрачен свет исполнет со ужаси и сега сум на светлата страна.
Сега согледувам колку е поубав животот исполнет со вистинска среќа и радост, допирајќи вистински до себеси со вистински луѓе покрај себе. Секој ден со огромна енергија, незапирливо се движам кон своите цели и сум потполно сигурен дека ќе ги постигнам.
М.Д. – Студент во Нарконон Балкан
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.