Се грижам за себеси и водам здрав живот

Пред да започнам со Програмата за Детоксификација бев личност без енергија, без волност, што и да почнев да работам, се откажував, не можев да размислувам логично, а ни да реагирам брзо. Кога беше потребно немав контрола врз моето тело, врз работите што ги правев во мојата околина и се чувствував безнадежно. Немав никакви чувства спрема себе и спрема другите. Без разлика дали ќе имаше убави или лоши моменти мене тоа ми беше се едно исто. Сето тоа се смени со програмата за прочистување.

free

Сватив дека дрогите причината за сето тоа што ми се случуваше. Токсините насобрани во моето тело влијаеа да не можам нормално да дејствувам.

Додека ја правев програмата поминував низ огромни промени и секој ден се чувствував поубаво, подобро и поенергично. Ми се вратија чувствата, многу ми се подобрија перцепциите, ми се регулира исхраната, спиењето и дури сега сватив дека функционирам нормално без да бидам под влијание на отровите во моето тело и тие да ме контролираат.

Сега јас сум причината врз мојот живот, ми се врати волноста да живеам и да опстанувам најнормално и никогаш нема да дозволам да си наштетам себеси и своето тело, се грижам за себеси и водам здрав живот.

И.З. Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА