Сега Сум Супер

“После завршената вежба се чувствувам фантастично.
Од претходно знаев дека немам проблем со авторитети и извршување на наредби, но денес со помош на вежбата осознав дека има голема разлика помеѓу извршување на наредби во приватниот и професионалниот живот, осознав зошто постои толку голема разлика.
Долгото толерирање на работи кои не ми се допаѓаат, ненавремено кажување на тие работи и фрустрацијата од нееднаквиот третман на моите желби и желбите на мојот партнер ја им доведено нашата комуникација на многу ниско ниво.
Сега знам што и кога да комуницирам и да ги извршувам работите на начин на кој ќе имам најголемо задоволство.
Свесен сум за сите работи кои ги имам научено досега на програмот и знам дека ќе научам уште многу други кои би ми помогнале да го задржам ова мое моментално високо емотивно ниво.”
П.Ѕ.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН