Зависност

Narconon Balkan
(Слика од www.shutterstock.com)

Во Нарконон, ние се обидуваме да се справиме со причините за зависноста, односно се обидуваме да ги откриеме причините кои го натерале поединецот воопшто да посегне по дрога, а целта на програмата е да се добие поединец кој живее живот без дрога.ивот без дрога.

Ова е приказна од студент кој е пред завршување на програмата на Нарконон:

Имав проблеми со зависности уште од мои 13 години. Седум години зависност од трамадол, 3 години зависност од хероин и 3 години зависност од бупренофин и амфетамин. Во овие 13 години имам апстинирано приближно околу 150 саати. Во таа состојба во која бев мислев дека нема решение и си се имав помирено дека доживотно ќе се дрогирам и ќе бидам зависник. Се работеше за сериозно долг период и не можев да поверувам дека можам да живеам и функционирам без дрога. Ама на крај, последните месеци почна да станува многу екстремно. Во текот на шест месеци се предозирав три пати.

Што е многу—многу е.

После првите два пати си продолжив да си се дрогирам како предозирањето да не постоело. Дрогите прават опсесија до овој степен…

Бев свесна и знаев дека може да умрам и пак одбрав да продолжам да користам дрога. Ни размислував, ни ми беше битно… Излегов од болница и му се јавив на дилерот. Третиот пат кога се предозирав стана густо. Да не отидев на време во болница најверојатно сега немаше ни да го пишувам ова. Лежев во болничкиот кревет, со две инфузии, по една во секоја рака и ова ми беше нормално. Што правам? Си се коцкав со животот. Ваљда животот е за живеење, а не за коцкање.

Се јавив во Нарконон и дојдов на рехабилитација. Веќе не сум зависник. За неколку дена ја завршувам програмата и си продолжувам со животот без зависности. Нема повеќе да се коцкам со животот.

O.A.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА