Шанси за нов многу подобар и поквалитетен живот

За време на денешната објектив вежба секој момент со секој предмет беше посебен и прекрасен, секој предмет за мене симболизира нешто, пехарот ми симболизира успех, цвеќињата живот итн. Моментите во сегашно време посакувам секој да може да ги доживее, толку се убави и полни со љубов, многу посилни од било која дрога.
Реализирав дека најмногу ги одбирав предметите со кои претходно во животот сум бил почесто во контакт, а другите предмети ги гледав без никакво значење, едноставно немаа вредност за мене.
Реализирав дека тоа е така бидејќи никогаш не сум бил во контакт со нив и тие како да не биле реални за мене, мислам дека треба да креирам нешто за да почнам да го почитувам истото и треба да почитувам други креации и да разберам дека некој вложил труд, време, емоции или пари за да постигне нешто.
„Од сега натаму ќе си давам шанси за нов, многу подобар и поквалитетен живот исполнет со љубов и смисла.“
Она што го сфатив е тоа дека дрогата ме затвори и ме направи да гледам низ магла. Правејќи ја објектив вежбата и доживувајќи ги моментите во сегашно време ми го докажаа тоа колку години не сум бил ниду една секунда во сегашно време. Од сега натаму ќе си давам шанси за нов, многу подобар и поквалитетен живот исполнет со љубов и смисла. Претходни случки направиле да се затворам и да не отворам на среќата и љубовта која чукала на портите.
Студент во Нарконон Балкан – Н.М.