Силен пред бариерите

Мислим Дурмишоски
Мислим Д. – Дипломец на Нарконон Балкан
 

5 години после Нарконон програмата, сеуште макотрпна работа на себе и константна надградба, ФАКТ - „Најубав проект што ќе го имаш во животот си ТИ“ - Па еве што научив овие години.... Не сум сакал да се воздигнувам себеси, па сум го препишувал мојот успех на универзумот, господ, тимот, пријателот, фамилијата, итн. Точно е дека животот е групен напор но колку живот извира од тебе и колку посегнуваш по вистинските работи што вдахнуваат дупло живот во тебе, зависи само од твојата воља да се откриеш и постоиш како вистинскиот ТИ. Твоето постоење, твоите искушение и твоите откритија во текот на патот, имаат значење само ако бидат максимално и безрезервно употребени и упатени во насока на ново учење и уште посилна употреба за да креираш твој дел на планетата, впечаток, силна импресија која ќе живее и ќе вдахнува живот дооолго после твоето суштествување. Сакај ги луѓето околу тебе, истовремено биди свесен за тие кои треба да ги задржиш блиску до тебе, да ги разбериш, да се соединиш и знај дека единствено како соединети сте вистински моќни и силни пред бариерите. Знај дека најмоќното искуство го плаќаш со стрес, неиздржливи моменти и периоди кога ти „е доста од се“. Почувствувај го тајмингот кога е потребно да се оддалечиш од сферата која сакаш да ја исконтролираш, а си потрошен и изложен на фатална штета и немилост од проблемите. Повлекувањето и оставањето на одредена сфера надвор од контрола, не значи дека си изгубил, дека си откажан или крајно поразен. Напротив - студирај ја играта, дозволи си на себе да закрепниш, испочитувај се себеси за својот јуначки, храбар и несекојдневен обид! На крајот собери ги потребните средства, алатки, оружја, енергија, пријатели и овој пат влези во играта како да е твоја, како ти да си ја креирал, и биди спремен да ја водиш неуморно на нови нивоа! Имаш идеали кои се прекумерно битни, важни и вредат да се остварат. 

„Уживај го патот, уживај го секој чекор, комуникација, секој пад, препрека, победите, слободата, здивот, погледот, звукот, дружбата па и твојата не-идеалност!“

Запамти - тој идеал потекнува од тебе, ти си жарот кој блеска и го креира тој сон,визија, свет! Уживај го патот, уживај го секој чекор, комуникација, секој пад, препрека, победите, слободата, здивот, погледот, звукот, дружбата па и твојата не-идеалност! Зошто и сите идеали да ги оствариш, а не си го совладал уживањето во нив, тешко дека ќе посегниш по нови! Стани свесен и потврди ги твоите и големи и мали циклуси како завршени, само така ја добиваш потребната сила и го оставаш потребниот простор за нови и поголеми циклуси. Верувај во твоите сетила, осети и погледи кон нештата! Што повеќе си спремен да ја поднесиш и восприемиш вистината, тоа повеќе си спремен да делуваш во неа и да ја креираш онаа вистина во која ТИ веруваш и знаеш дека вистински е вредно да се оствари! Wow, се зачуди кога виде дека ако работите не тргнат по твое, несвесно се спобудалуваш, хистеруваш или уништуваш себеси, а што викаш да здивниш? И храбро да се соочиш со патот кој НАЈПРВО ТИ си го ИЗБРАЛ. И што е уште поважно, што знаеш дека е единствен, благословен и само твој! Си! Посебен! Си чедо господово, но тоа не значи дека другите не се, неуспехот да го согледаш тоа кај другите, ја зема твојата вистинска моќ како битие! Нема потреба да заменуваш една со друга област од животот, секоја област си ја има својата убавина и сама по себе е незаменлива. Ужива ја твојата харизма и единствено користија за прошируавње на енергија, позитивност со искрена намера и цел! Моќта на одлучувањето и посакувањето нешта е неизмерна, но вистинскиот тест за колку нештото го посакуваш се крие во една од најголемите човечки доблести, а тоа е да се испотиш, да се истуркаш, да се размрдаш и да почниш да го играш универзумот околу тебе и вистински да направиш нештата да се случат. Да, твојата удобна зона е сега поширока, но ако се опуштиш предолго и немарно, наместо да се проширува, ќе почни да се стеснува, а што значи тоа? Тоа значи дека повторно треба да се фрлиш себе си во оган, копја, бранови... за да ја прошириш и уживаш во уште поголема удобна зона! Знаеш зошто си толку заглавен во туѓиот сомнеж во тебе? И зошто ти изгледа толку страшен и голем? Дека самиот потекнува од тебе, и посегнуваш по нешто кое те заплашува, не прашувај човек кој повеќе ќе се исплаши и од тебе!!! Видија својата лојалност, веродостојност и посебни квалитети, и занемари ги твоите внатрешни стравови, секако се далеку ПОТИВКИ ОД ТВОЈАТА СИЛА! Јачината не лежи во тоа, колку тебе нештата не ти „влијаат“, туку во тоа колку си храбар да прифатиш дека ти влијаат и да ги превземиш потребните чекори и ти да извлијаеш врз нив! Спремен си да ги разбереш другите, да ги засакаш, да ја најдеш вредноста во нив и да ја разбудиш на највисоко ниво. А колку си спремен да го восприемиш тоа? Па будало... некој и во тебе ја видел вредноста, трудот, посветеноста и со широко срце прифатија помошта бидејќи одобреното Човештво, прави поголем човек и од тебе!

Зошто служењето се гледа со презир? Зошто слуга е нешто понизно? Кој човек и која сила си ти ако не си корисен за другите? Способноста и волноста да се служи и дава на луѓето е Најврвната доблест што битието ја има!

Мислим Д. – Дипломец на Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА