Со Завршувањето на Детоксикацијата станав нов и подобар човек

Narconon Balkan

Првиот ден кога ја започнав програмата за детоксикација “Нов Живот” ми беше премногу тешко и константно ми се вртеа слики во главата од минатото. После неколку дена почуствував како повторно ми се враќаат избеледените чуства и емоции кои претходно ми беа загубени во светот на дрогата. Забележав како телесната тежина секојдневно се повеќе и повеќе ми се зголемуваше.

Исто така за многу краток период забележав како се подобрувам физички и моето тело стана многу постабилно. Станав покомуникативна и поенергична личност. Како што ги исфрлав отровите од мене така постанував се посреќна и повесела личност, станав постабилен и исчезна сета онаа агресивност во моето однесување. На крајот од програмата за детоксикација почнав да чуствувам љубов спрема луѓето и семејството.

“Увидов колку само е прекрасен животот кога не користиш дрога и можеш целосно да уживаш во него. Започнувам еден нов и сосема поинаков живот за себе и своето семејство.”

Престанав да се обвинувам себеси и другите околу мене за работите кои порано ми се случувале. Со завршувањето на детоксикацијата станав нов и подобар човек, со нови цели и нов поглед кон животот. Увидов колку само е прекрасен животот кога не користиш дрога и можеш целосно да уживаш во него. Започнувам еден нов и сосема поинаков живот за себе и своето семејство.

Студент од Нарконон – Балкан А.Ј.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА