Соочувањето за многу работи во животот ми е зголемено
На вежбата соочување реализирав дека секој човек има енергија и таа енергија може да влијае на другиот човек, добра или лоша. Со студентот додека ја правевме вежбата сватив дека неговата енергија не треба да ја примам јас и да сочувтвувам со него бидејќи тој поминува низ негови промени и манифестации. Иако не комуницирав со него можев да ја почувствувам неговата енергија дека е напнат и нервозен.

Многу поразлично искуство имам сега за разлика од кога дојдов да го правам програмот. Кога дојдов и прв пат ја правев оваа вежба имав огромни манифестации, ми се менуваше сликата, имав дисторзија, изобличување на лицето со кое ја правев вежбата итн. Денес после година дена и 3 месеци ги немав воопшто тиа манифестации, имав мало вкочување на вратот но тоа брзо ми помина.
Задоволна сум многу од оваа вежба и од тоа како ја правев, а и поради неа, соочувањето за многу работи во животот ми е зголемено и можам со леснотија да се справувам со различни ситуации низ секојдневниот тек на животот и сум премногу среќен поради тоа.
Р.М. — Дипломец на Нарконон Балкан
За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.