Способна да го Контролирам Животот

Narconon Balkan
(Слика од Aditya Saxena/Unsplash.com)
 

Пред да започнам со програмата на Нарконон речиси ја имав изгубено контролата да дејствувам врз мојот живот, сè ми одеше надолу и постепено ми се влошуваше состојбата. Откако започнав со чекорите на програмата веднаш започнав да чувствувам промени во себеси.

Детоксикацијата со помош на сауната и витамините ми помогна да се исчистам од токсините, успеав да ги исфрлам остатоците од дрогите, алкохолот и лековите од телото и ментално почувствував дека ми се разбистри главата од нив.

Почнувајќи со наредните курсеви на програмата повторно се научив да почитувам други личности, правилно да комуницирам и да уживам во моментот во сегашно време без мисли и непријатни чувства од случки од минатото.

„Ми се врати способноста да го контролирам мојот живот, среќна сум како мало дете кога учи да пишува и чита. Апсолутно животот е во мои раце и не сум заробена во себеси.“

Ми се врати способноста да го контролирам мојот живот, среќна сум како мало дете кога учи да пишува и чита. Апсолутно животот е во мои раце и не сум заробена во себеси. Постанав разумна личност и започнав секогаш да помагам во опстанокот. Конечно воспоставив комуникација со моето семејство, повторно сум член на семејството, повторно се среќни и Нарконон им ја врати насмевката на лицата така што им ја врати вистинската ќерка која попатно била изгубена со земањето дроги.

Бев личност која го намалував опстанокот на другите, немав грижа за тоа и мислев дека тоа е мојот начин на живот и дека не постои друг начин за мене. Секогаш ги одбегнував групите кои напредуваа во работата и помагаа на другите. Мојата цел беше само да бидам во група која прави зло и деструктивни акции. Сега воопшто ја нема таа личност која имала омраза кон луѓето кои успеваат и напредуваат, сега само тие луѓе ги сметам за вистински личности и групи и одлучив да станам дел од нив. Станав личност која причинува, придонесува и цели кон конструктивни групи.

Со помош на оваа технологија го променив целиот поглед кон луѓето и работите околу мене. Постанав личност која го прави најдоброто за една група да успее. Само групи кои оставаат добар пример и имаат опстаночна цел се дел од мојата реалност. Сфаќам дека за секој проблем постои решение.

Дипломец на Нарконон Балкан – Т.З.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА