Способноста да се види светот околу себе јасно

Надворешни перцепции
Употребата на дроги предизвикува губење на способноста за перцепирање на амбиентот во кој се наоѓаме и губење на контролата врз него, правејќи ја личноста опасна за себе и за другите. Светот кој не опкружува го перцепираме со помош на сензорните канали како што се: сетилото за мирис, сетилото за допир, видот, слухот и вкусот.
Објективите на Нарконон
Приказна за успех од студент на овој чекор
„Многу повеќе почнав да се радувам на реалноста и повеќе да ги ценам реалните работи што ме опкружуваат.“
Многу повеќе почнав да се радувам на реалноста и повеќе да ги ценам реалните работи што ме опкружуваат како на пример снегот на кој долго време не сум му се израдувал. Не сум ни го забележувал назад во годините, тој постоел ама мене не ми бил навистина реален како и многу други работи што можат да ме исполнат во душата, да ме направат среќен и да ми го направат животот поубав.
Претходно сум мислел само на дрога и не сум можел да уживам во реалноста, сум живеел во еден нереален свет а има толку многу убави работи околу мене. Увидов дека со земањето на дрога јас се затворив во себе берејќи ја цела негативна енергија од дрогите во мене и неможев да ја исфрлам надвор. Многу другари и луѓе сакале да ми помогнат, ми се јавувале и ме барале под дрво и под камен а јас сум се криел, ни самиот незнам зошто не сум сакал ништо да споделам со нив. Кога дојдов во Нарконон повеќе комуницирам со луѓе, споделувам и добро и лошо и со тоа автоматски се осеќам послободен и многу подобар. Сфатив колку е битно да комуницирам со луѓе и да го споделам тоа што ми лежи на срце.“
Студент на Нарконон Балкан – Г.Т.