Спремен за понатаму
Денес сфатив дека светот е огледало на моите мисли. За луѓето кои беа добри спрема мене и се обидуваа да ми помогнат вистински јас мислев дека се прават само важни,имаат некаква корист од мене и сакаат да ми наштетат. Јас неможев да комуницирам со нормални луѓе затоа што кога ќе слушнев за што разговараат мислев дека ме напаѓаат мене. Чекав да дојде ноќ за да можам да бидам со лош круг на другари, да се дрогирам. Не ме интересираше ништо друго освен дрогата,лутав бесцелно во животот. Бев во контакт само со лоши луѓе со кои правев штета,прво на себеси а потоа и на се околу мене и воопшто не сум горд на тоа.
Сега слободно можам да кажам дека целосно го променувам мојот живот. Сум во присуство на добри луѓе, комуницирам со нив и сум способен сум да живеам нормален живот,да им помагам и да се грижам за тие луѓе околу мене. Почнав да уживам во секоја минута.
Сега се чуствувам слободен и спремен да продолжам понатаму во животот!
В.А. Студент во Нарконон-Балкан