Среќна, спокојна и полна со оптимизам

Во текот на програмата за Детоксикација – Нов Живот се здобив со многу физички, а уште повеќе ментални и духовни придобивки. За 43 дена поминати на овај чекор успешно го комплетирав и го добив следното:
Физички придобивки
Кога дојдов имав 46кг, личев на жив мртовец со празен и тап поглед, коските ми се броеја како на костур по анатомија и немав боја на лицето, можев да се камуфлирам ако застанев до бел ѕид. Бев константо несреќна и мрачна и се хранев со туѓата енергија, себично ја земав како енергетски вампир. Не спиев, не јадев и не се смеев. Сето ова го живеев долго, беше пред месец и пол а сега ми изгледа толку далечно и нереално.
Сега имам енергија да поместам планина, поради непрекинат сон од 6-7 часа. Качив 7кг, а со помош на развиената кондиција и редовна активност, ја ојачав мускулатурата. Големото количество на вода и витамини ми ја подобрија состојбата на кожата.
Менатлни и духовни придобивки
Се будам среќна, спокојна и полна со оптимизам за да го зграпчам денот. Толку ми е вратен осетот за време што се будам без будилник, со други зборови биоритамот ми е како швајцарски часовник. Тука игра улога и реалноста, која ми е подобра од сонот. Мојата детерминираност да бидам жива, добра, среќна и да го земам од животот тоа што го заслужувам јас, мајка ми, татко ми и сестра ми покрај мене, ги разбуди самоконтролата, дисциплината, кооперативноста и интегритетот што од дете ги знаев преку боречките вештини.
„Се будам среќна, спокојна и полна со оптимизам за да го зграпчам денот.“
Со чист и целосно заокружен тек или процес на размислување одлучувам секој нов ден да се променам, преку свесност и почит да стигнам до интегритет, моќен збор кој за мене претставува ултимативна карактерна особина.
Студент на Нарконон Балкан – М.К.