Повторно верувам во себе

young women

Пред се сум пресреќна за прекрасните победи и искуства што ги доживеав. Повторно во мене оживеаа позитивните особини што ги поседувам, што ги имав потиснато и длабоко заборавено, а ми се изградија и нови. Веќе се чувствувам силна и сигурна во самата себе за да продолжам со животот понатаму во една позитивна, успешна насока. Се вратив на вистинскиот пат по кој чекорам и ќе чекорам во иднина. Научив многу нешта и се здобив со особини кои ја градат мојата личност.

Првенствено се вратив во оваа реалност, моја реалност со самата себе и околината, да бидам сега и тука во моментот што го живеам. Исто така ми се зголеми и перцепцијата, а ми се вратија и чувствата. Додека порано знаев да бидам физички присутна на едно место, а со мислите на друго, не приметувајќи ја околината, сега сум поприсутна и забележувам многу повеќе од околината околу мене, а сум посвесна и за нејзиното постоење.

Зголемена ми е концентрацијата, а и способноста за да останам фокусирана на конкретна акција во моментот, што многу ќе ми помогне понатаму, посебно во мојата работа. Се здобив со поголема смиреност, релаксираност и трпение, сваќајќи дека брзањето и форсирањето може само да ми донесат грешки во постапките и одлуките. Чувствувам дека имам самоконтрола, а ми се врати и самодовербата, верувам во себе дека сум повторно јака и способна за да се соочам со што и да ми донесе животот.

Сега знам, верувам и сигурна сум дека можам да продолжам да живеам, да бидам среќна, да освојувам нови цели, со нови победи.

Е.Д. - Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА