Среќна сум што можам да го дочекам својот роденден жива и здрава

Happy and energetic woman

Не беше воопшто лесен процес, поготово на почетокот и на средината, но имав издржливост. Кога започнав со Програмата за Детоксикација - Нов Живот одвај доседував во сауната затоа што ме болеа ребрата. После некое време болката исчезна и беше многу полесно. После некое време се уклучи друга болка, овој пат беше на десниот зглоб на ногата, но издржав, не се откажав и продолжив да трчам. Исто така имав и болка во грбот но со текот на процесот и таа болка целосно исчезна. На почетокот се чудев зошто немам ментални реакции, но сето тоа се случувало затоа што не сум можела да ги забележам своите промени во расположението. На почетокот додека бев во сауна не зборував ништо, бев премногу повлечена во себе и само зборував доколку некој ме праша некој . Не си верував во самата себе и бев многу тажна. После втората недела пак, не престанав да зборувам, да се смеам и пеам, претходно не можев да го забележам тоа, но сега знам дека сум поминала низ огромна промена.

После некое време почуствував ефект од метадон и се чуствував како штотуку да сум земала, но за кратко време тој ефект исчезна. Благодареине на Детоксикацијата - Нов Живот стекнав огромно трпение за другите луѓе кои беа во сауната затоа што знаев како им е заради тоа што и јас самата поминав низ истото.

Денес имам добар однос со секој член од мојата фамилија за кој предходно сум копнеела.

Среќна сум што утре за прв пат можам да го дочекам својот роденден жива, здрава и најважно од се без дрога и алкохол.

T.Ж.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА