Што е тоа злоупотреба на дроги… 
Што е Физичка и Емоционална Зависност?

Што е тоа Злоупотреба на дроги?

Злоупотреба на дроги - е конзумирањето на секоја илегална дрога или неодговорната употреба на која и да е легална дрога (вклучително неуспех да се следат препишаните инструкции за медицински дроги од докторите).

Што е зависност?

Кога личноста не е способна да престане да прави нешто, иако постојат многу неволји што резултираат од правењето на тоа, ние велиме дека таа личност е зависна.

Физичка зависност

Физичката зависност се јавува кога телото на личноста се навикнува да функционира со присуството на дрога во него. Ако употребата наеднаш е прекината, симптомите на апстиненција можат да се искусат.

Емоционална зависност

Како што беше наведено претходно дрогите може да бидат привремено решение за болка, проблеми или несакани чувства.

Но кога дејството на дрогата се намалува, болката или некое друго чувство кое го немало се враќа посилно од порано.

Ако некој имал проблем кој го направил да посака да земе дроги, на пример, се чувствувал “премногу нервозен” да разговара со некого на забавата, тој може да земе дрога за да му помогне да се опушти.

Кога дејството на дрогата исчезнува, чувството на нервоза е полошо од претходно, и тој бара повеќе дроги за да го смират.

Но проблемот на ова лице за разговарање со луѓето нема да исчезне се додека тој не направи нешто во врска со неговата срамежливост и да открие дека тој може да разговара со луѓето без дроги.

Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се на +389 4380 0097.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА