Стравот и двоумењето исчезнаа

Завршувањето на Нарконон Програмата значи многу за мене. Пред да дојдам овде мислев дека ќе останам зависник цел живот. Сакав да ја откажам дрогата ама не знаев како. Ми беше страв да заспијам затоа што од метамфетаминот се тресев во спиењето. Кога станував од спиење не бев способен да станам без да ставам инекција во мене. Се дружев со многу лоши луѓе и цела вечер скитав по улиците, крадев од продавници, камиони, коли и само барав начини како да украдам нешто.

Мајка ми се срамеше некој да ја виде со мене, во продавница таа не влегуваше со мене бидејќи знаеше дека крадам. Кога ни доаѓаа гости дома, ме бркаше од дома. Мајка ми почна да пие дијазепами, ја гледав како плаче. Сакав да се убијам, да ја спасам од мене. Кога и да дојдев до пари за еден саат ги губев во казино и потоа немав пари за хероин. Одев кај мајка ми за да и земам пари за да можам да се “средам”. Таа од страв да не се повредам или да скршам нешто дома , или да не ја повредам нејзе, ми даваше пари. Ја лажев цело време, и го кажував она што таа сакаше да го чуе само за да дојдам до пари. Ми беше толку жал и срам од мајка ми , престанав дома да одам. Таа кога не беше дома јас тогаш одев да се туширам. Кога немав клуч кршев врати за да влезам дома. Еднаш ме најде дома и ми кажа дека нашла место за рехабилитација во Македонија.

Кога дојдов овде дојдов само да ја видам среќна и не очекував дека ќе има многу промена. Првите две недели не можев да зборувам, не можев да јадам, имав потреба од 24 часовен надзор, кој го имав. После во сауна бев по енергичен, но пак нервозен, без дрога не ми се живееше. Избегнував комуникација со луѓе. Потоа со вежбите за комуникација научив како правилно да комуницирам. Најмногу што ми помогна тука беа објективите. Ме направија да се чувствувам ментално стабилен и среќен да сум во моето тело. Почнав да се грижам за своето тело и целиот страв и двумење што ги имав исчезнаа.

Кога го доживеав тоа почнав веќе да му верувам на Нарконон Програмот и сум многу благодарен на луѓето кои работат таму и ми го овозможија тоа да бидам повторно среќен.

В.Д. - Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА