НАЈНОВИ ВЕСТИ
Сум живеел во имагинарен свет
Денес дознав како дрогата ми го променила патот и правецот од вистинскиот поглед на животот. Сум живеел во некој имагинарен свет кој не постоел, кој бил продукт на мојата потсвест. Денес дознав колку штета ми направило тоа, прво мене а потоа јас сум го раширил на сите околу мене.
Големо олеснување
Осетив огромно олеснување затоа што добив втора шанса за живот, живот со нови сваќања, разбирања и правила кои јас ги поставувам.
МОЈАТА СИГУРНОСТ Е НАЈГОЛЕМ УСПЕХ
После завршувањето на курсот “Надминување на нестабилноста во животот„ научив какви типови на луѓе постојат, кои се нивните карактеристики, како да ги препознавам личностите кои имаат најдобри намери и оние кои сакаат да да уништуваат и да прават другите околу нив да е успеваат во животот.
Моја Е Одговорноста За Се Што Ми Се Случувало Во Животот
Во минатото животот никогаш не сум го сваќал сериозно, на се сум гледал како на шала. Никогаш не сум обрнувал внимание на луѓето околу мене, на тоа дали сум во добар однос, дали имам добра комуникација со нив. Најважно ми било секогаш само моите потреби да бидат задоволени.
Мојата Свесност Е Зголемена
Во текот на курсот ОБЈЕКТИВИ деновите ми беа Ups and Down. Имаше денови кога се чувствував многу изморено , не бев расположен за ништо; но имаше и денови кога се чувствував многу убаво. Секој ден осознавав по нешто ново, нешто кое ми било секојдневие, а јас не сум го приметувал.