Освестување

На курсевите повторно осетив едно освестување за тоа кого сум бил и со кој сум бил опкужен, кого запоставував а кого дозволив да биде во моја близина. Комплетно сум бил на погрешен смер и насочен кон луѓе што го сакале мојот пораз и се правеа дека ме поддржуваат и веруваат во мене. Отидов таму каде што не припаѓам и таму каде што беше злото и подмуклото однесување. Научив дека некој луѓе морам да ги тргнам од животот за да можам да живеам еден вистински живот без зависности. Научив да се справувам со секакви ситуации без тие да влијаат на мене.
„Најголемата победа ми е тоа што сега знам како да ги препознавам добрите луѓе што вистински вредат
да се покрај мене.“
Најголемата победа ми е тоа што сега знам како да ги препознавам добрите луѓе што вистински вредат да се покрај мене. Во текот на еден од курсевите добив одговори зошто не ми одело во мојот живот, зошто не успевав и зошто ми се случувале некои ситуации. Од овај момент па натаму ќе се дружам со позитивни и конструктивни личности и нема да одстапувам од тоа и да се убедувам дека некој ќе биде добар. Повеќе не да давам шанса затоа што достигнав состојба која несакам да ја нарушувам. Со овај курс осетив некое олеснување од тоа што ме мачеше и сфатив дека тоа што поминало неможи да ме кочи во мојот пат кон успешен живот. Моментално се осеќам многу будно стабилно и многу свесно, премногу сум радосен за ова кое го достигнав и осознав дека ова е единствениот начин за да се живее спокоен и успешен живот. Огромна благодарност до целиот тим на Нарконон Балкан!
Б.А. Студент во Нарконон Балкан


