Темелите на мојата промена

трезна жена
(Слика од A.L./Unsplash.com)
 

Во текот на животот имав тенденција да си го саботирам успехот, бидејќи како таква не заслужував да успевам – така мислев, а и такви акции превземав. Исто и со среќата правев, кога ќе ја почувствував автоматски ми се уклучуваше немир и нелагодност во сопствената кожа. Нешто како кога спиеш и некој ја пали сијалицата, на окото му требаат неколку секунди да се адаптира на новонастанатата ситуација, наместо да ја прифатам ситуацијата и да бидам во светлина, јас бегав во темнина, во позитивна комфорт зона.

Се лажев себеси дека таму ми е удобно и бев марионета на самата себе, но сега си ги гледам конците на грбот и одлучувам да ги пресечам, да се ослободам и да се вивнам високо на небото.

Пандорината кутија ми се отвори пред 3 дена кога се запрашав со каква намера и цел сум тука. Си одговорив дека со работа на себе сакам да постигнам промена за да останам чиста доживотно. Како? Така што ќе имам интегритет, односно тоа што го зборувам – така и ќе делувам. Само на тој начин ќе го прекинам ланецот на автодеструкција што со генерации уназад го гледам во мојата фамилија. Само на тој начин ќе бидам пример за своето дете.

„Одлучив да го разбијам шаблонот на однесување и да превземам одговорност за моите постапки, без разлика на цената, да постапам исправно и да застанам зад вистината.“

Се запрашав која е разликата помеѓу мене и тие што ги поправам во однесувањето тука, ако и јас сум таква, само зад кулисите? Разликата е во тоа што моето е дефиниција за дволичност. Одлучив да го разбијам шаблонот на однесување и да превземам одговорност за моите постапки, без разлика на цената, да постапам исправно и да застанам зад вистината.

Ми кажувале дека сум наркоман и дека нема да останам чиста, па поради резервираност во намерата нивните коментари ми се всадувале во потсвеста и сум паѓала повторно. Оваа вежба ме натера да ги поставам темелите на мојата промена.

Студент на Нарконон Балкан – М.К.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА