Личност полна со самодоверба и воља

Narconon Balkan

Во програмата на Нарконон се вклучени уникатни вежби кои се наречени објективи, кои му помагаат на поединецот да го тргне своето внимание од минатото и да го насочи истото кон сегашноста.

Целта на објективите е да се извлече лицето од минатото и да се донесе во сегашноста, со подготвеност и способност да се соочи со животот без да прибегне кон дрога.

Следуваат успеси и придобивки од студенти кои успешно завршиле со курсот Објективи:

Додека го правев Објективот дознав дека доколку сакам да бидам успешен во акциите кој ги превземам, треба да имам голема самодоверба и одлучност за тие акции да се спроведат до самиот крај. Доколку превземам некаква акција треба да донесувам брзи, мудри и вистински одлуки за да имам поголем и подобар резултат.

За да имам подобар живот во иднина треба да донесам некоја одлука и да се држам до неа и да не дозволувам некое друго лице да ми го одвлекува вниманието.

Јас сум тој што ги донесува одлуките во мојот живот и затоа од сега па натаму нема да дозволувам некој да ми ја нарушува таа удобност и голема придобивка што ја имам од овој Објектив.

Д.А.—Студент на Нарконон Балкан


Благодарение на вежбите “Објективи“ ја зголемив контролата спрема самиот себеси, мислите не ми бегаат насекаде , сега размислувам слободно и мирно. Сега можам да се сконцентрирам за да направам нешто без да дозволам нешто да ми го отргне вниманието. Сватив дека сум способен да ги менувам работите од лошо на подобро. Да прифатам позитивен совет без да бидам тврдоглав и да мислам дека немам потреба од совети. Само на овој начин можам да напредувам. Се чуствувам исполнето и задоволно со овие осознати работи и здобиени способности за самиот себе.

Со правење на вежбите “Објективи“ исто така сфатив колку поодговорна личност сум станал, но исто така дека треба уште да работам на самиот себеси за да станам уште подобра личност. Ми се врати решителноста. Порано бев многу колеблива личност и наместо јас да ја направам некоја работа или да ја справам некоја ситуација јас се повлекував. Исто така не бев решителен во своите одлуки, но сето тоа е сега променето. Сега сум личност полна со самодоверба и воља за да ја преминам секоја препрека на која ќе наидам.

Б.К.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА