Три години по завршувањето на Нарконон програмата

(Слика од  buenjosef/PxHere.com)
 

Животот пред програмот на Нарконон ми одеше во еден правец – уништување! Ништо не ми одеше од рака. Секојдневните проблеми се повеќе и повеќе се продлабочуваа, ставајќи ме во свет на црнила од кој немаше излез – така мислев. Мислев дека со марихуаната ќе решам сѐ – сум грешел! Несоочувајќи и отргнувајќи ги малите проблеми, со текот на времето тие се претворија во огромни и во тој момент нерешителни. Но често пати животот ни дава втора шанса – поправен, само доколку навистина сакаш. Јас ја искористив таа прилика, посакав и со помош на Нарконон програмата и тимот на Нарконон Балкан повторно оживеав. Голема благодарност до нив.

По завршување на програмата јас бев нова личност – подобра и од пред конзумирање на марихуана. Еве веќе три години сум во нормално дејствување. Чесен, етичен и морален. Смирен, стабилен, одговорен, со бистар ум и свесно расудување. Имам контрола врз себе и работите околу мене. Продуктивен – знам што сакам и како да го добијам тоа што го сакам. Сум активен граѓанин на општеството, кој придонесува во конструктивноста и ги постигнувам своите цели. Зајакната фамилијарна, роднинска и пријателска врска. Проблемите веќе не ми се пречки, успешно чекорам низ нив. Имам успешен брак веќе две години, а од неодамна дознав дека ќе ја имам најблагородната улога – татко. Пресреќен сум. Сѐ остварувам како човек. Горд сум на се што постигнав до сега и гордо ќе продолжам да го градам моето фамилијарно гнездо. 

Дипломец на Нарконон Балкан – Д.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА