УСПЕАВ

Пред да дојдам тука во Нарконон Балкан знаев дека морам нешто под итно да променам во мојот живот.
После тринаесет години другарување со дрогите секојдневно, почна се во животот да ми оди надолу.
Бев осудуван криминалец и дечко кој живееше во минатото. Имав многу лоша комуникација, лошо друштво и лошо однесување.
Правев само штета на мене и на другите околу мене.
Дојдов тука со силна желба да променам нешто во мојот живот и благодарение на Нарконон Балкан и секако на Нарконон Програмата — УСПЕАВ.

Го соочив сето тоа и успеав сега секојдневните проблеми да ги справувам и да не земам повеќе дрога и алкохол. Имам добри односи со луѓето.
Со други зборови ја живеам светлата страна на животот.
Т.О. — СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН


