Успешна и Среќна личност Ослободена од зависноста

Дипломец на Нарконон Балкан - Г.Т.

Самото доаѓање во Нарконон Балкан ми е најдобрата и најразумната одлука која што сум ја донел во мојот живот и се гордеам со тоа. Кога дојдов и требаше да почнам со Одвикнувањето, знаејќи дека нема никакви лекарства бев малку исплашен но сепак почнав.

Со помош на специјалистите, асистите, прошетките и витамините полека но сигурно се збогував со кризите и започнав со Детоксикацијата. Во сауната беше малку тешко и напорно, но како поминуваа деновите почнав многу цврсто да спијам т.е. ми се врати сонот, имав зголемен апетит и најважно успеав да ги надминам главоболките.

Така почна новиот живот

Кога влегов во училница и започнав со комуникациските вежби стекнав способност да комуницирам подобро, да давам потврди на комункациите, да се соочувам со лица и со секакви ситуации и да бидам едноставно тука присутен со вниманието. Со Објективите имав многу победи и сознанија, преку нив се вратив тој што бев пред да започнам со дрогите. Ведар, насмеан и расположен како во моите тинејџерски години.

„Свесен сум дека треба да превземам акции и тоа секој ден одново и одново и само така ќе бидам успешен и среќен.“

Понатаму со првиот курс од серијата курсеви за Вештини за Живеењето научив кои луѓе ми влијаеле штетно и како да ги препознаам луѓето понатаму. Со кои и со какви луѓе треба да се дружам а со кои не. Вториот курс ме научи како да станам по одговорен, да бидам етичен и да почитувам закони. Научив како треба да се однесува една личност ослободена од дрогите во општеството – да биде пример за другите. На крајот во последниот курс научив како треба да се грижам, да се борам и да придонесувам во секоја област од мојот живот. Свесен сум дека треба да превземам акции и тоа секој ден одново и одново и само така ќе бидам успешен и среќен.

Сосема на крајот сакам да му се заблагодарам на целиот персонал на Нарконон Балкан кој дено-ноќно работеше посветено и професионално, тие се главната причина што сега сум личност ослободена од дроги!

Дипломец на Нарконон Балкан - Г.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА