Успеси и Придобивки за време на Детоксикацијата

Детоксикацијата - Нов Живот

Како Функционира Детоксикацијата - Нов Живот?

Детоксикацијата - Нов Живот чија цел е ослободување од остатоците од дроги е составена од повеќе елементи. 

Природен режим со витамини и минерали

Со цел да се надоместат витамините и хранливите материи кои се потрошиле за време на користењето на дроги, како и во првиот чекор од програмата, за време на детоксикацијата секојдневно се земаат витамини, минерали и хранливи додатоци во прецизни количества. Како што лицето напредува во детоксикацијата, така дозите се менуваат.

Вежби

За време на овој чекор присутни се вежби во форма на трчање кои имаат за цел да ја поттикнат циркулацијата и да помогнат при исфрлувањето на остатоците од дроги кои се разградиле со нијацинот. Времетраењето на трчањето постепено се зголемува.

Сауна

Со цел остатоците од дроги, наречени токсини, кои се заробени во масното ткиво од телото, да се испотат на природен начин лицето на овој чекор поминува време во сауна. Како лицето напредува во програмата за детоксикација, така времето поминато во сауна се зголемува. 


Мојот успех за време на Детоксикацијата
Photo by Q000024 form PxHere
 

Мојот успех за време на Детоксикацијата

Се чувствувам вистински среќна и мирна со мислите. Осетив дека како поминуваат деновите во сауна така имам се поголеми успеси и придобивки. Среќна сум што ги исфрлам остатоците од дрогите и почнав да се чувствувам чиста како бебе. Можам мирно да спијам, јадам како што треба и се што гледам пред мене ми станува се поубаво.

Повеќе немам мисли од минатото и навистина не сакам да зборувам за тоа. Го сфатив тоа како лекција и не се срамам од моето минато. Научив дека најбитно е да бидам добра личност и да бидам активна во поголемиот дел од времето.

Среќна сум што моите родители ми кажаа за Нарконон Балкан и ќе направам да бидат горди на мене, затоа што ништо не ми е побитно на светот од моето семејство.

Студент на Нарконон Балкан – Т.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА