Уживам во сегашноста

Оваа вежба беше навистина чудесно патување низ осознавањето на сегашноста. Сите ние како човечки суштества во нашите животи ја имаме улогата на набљудувачи на сегашноста. Токму тогаш кога ќе излеземе од таа улога и почнуваме да “набљудуваме“ во минатото или иднината почнува хаосот во нашата глава подоцна проектиран во реалноста.

(Слика од Miramiska\Shutterstock.com)

Бев презадоволна со своето сознание се додека не прснав како бомба од погрешни емоции кои во моментот неможев да си ги објаснам. Како течеше вежбата влегов во нова ера на реализации. Кога подпаѓаме под влијание на разноразни пречки, кои ги земаме како изговор да излеземе од сегашниот момент.

Самата несигурност која ја имав беше огромна пречка не само во оваа вежба туку и во мојот живот до сега. Токму ова ме донесе до состојба на деструкција и излегување од сегашноста со ситуации. Сега научив, осознав, се здобив со многу посебна способност да ја набљудувам сегашноста без да дозволувам да имам пречки а со тоа здобив и огромна сигурност во своите способности за сегашноста!

И.К.—Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА