Весела сум што можам да ги согледам нештата реално

(Слика од Matej Kastelic\Shutterstock.com)

По големата придобивка вчера, сознанието дека сум во улога на набљудувач многу ми помогна во денешниот објектив. На почетокот на вежбата физички давав отпор кон командите, чувствував болка на скоро цело тело која не ми даваше да ги примам командите.

Потоа како ми се подобруваше ситуацијата ме погодија различни мисли околу командите. Се оди линеарно, доколку нештото е реално за мене , полесно е за комуникација а воедно и автоматски не ми пречи да е тука.

Порано во животот пред да видам дали нештото реално ми пречи за комуницирање влегував во комуникација па потоа се зезнував и се ставав во безизлезна ситуација односно во комуникација со нештото што ми пречи. Сега го научив, односно се здобив со способност да ги правам тие работи обратно.

Чувството што го добив на крајот е нешто неопишливо, никогаш во животот се немам чувствувано волку весело, без никакви индикатори едноставно сум весела, среќна, радосна и тоа ме исполнува сега, тука во овој момент!

И.К.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА