Студент од Нарконон – Балкан - Г.З.

Вистински продукт на Нарконон Балкан!

Како мал бев безгрижно дете, полн со радост и среќа, но како што одминуваа годините направив серија од грешки во мојот живот, станав зависник на дрога и алкохол а со тоа дојдоја и проблемите во животот, почнав да си наштетувам на себе и на мојот углед како граѓанин, почнав да правам нереди во градот и правев штетни акции кон општеството, направив серија собраќајки од кои ни јас незнам како останав жив. Често им ја загрозував безбедноста на луѓето што беа со мене и околу мене и воопшто не ми беше грижа за тоа. Возењето под дејство на дрога и алкохол ми стана навика и го сметав како нешто што е сосема нормално. После одреден период почнав и да ги трујам другите околу мене и тоа исто го мислев за нешто нормално.

Набрзо дојде и денот кога го допрев дното. Остнав сам без никаква поддршка и без ниту една добра работа околу мене. Ја изгубив работата, ги изгбив и пријателите и околу мене останаја луѓето кои знаат само да прават штета, се чувствував како да сум заглавен во воз на кој крајната дестинација е пеколот. Неможејки да го издржам притисокот побарав помош од моите родители кои претходно сум ги избегнувал. Тие како социјални битија што неможат да му кажат не на сопствениот син без разлика колку грешки има направено, ми пружија помош.

„На некои можеби ова му изгледа нереално но јас сум продуктот на Нарконон Балкан кој докажува дека промената на еден зависник е возможна.“

Дојдов во Нарконон Балкан и со сите мои напори и напорите на персоналот повторно прогледав. Повторно успеав да функционирам како нормален човек, почнав да разликувам добро од лошо, станав чесен и поштен човек кој се бори за својот опстанок и за опстанокот на целото општество. Станав стабилна и доверлива личност кој ги почитува правилата и законите и кој помага на луѓето кои се зависни од дроги и алкохол еднаш за секогаш да се ослободат од зависноста. Кој би рекол дека на патот кон пеколот би станал учтив и културен граѓанин кој го сака животот и сите околу него? На некои можеби ова му изгледа нереално но јас сум продуктот на Нарконон Балкан кој докажува дека промената на еден зависник е возможна.

Студент од Нарконон – Балкан - Г.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА