Свесен, етичен и конструктивен член на ова општество

Relaxed young man looking at the valley

Во првиот дел на Нарконон Програмата моите придобивки беа тоа што почнав да станувам посигурен во себе и после две недели да не мислам повеќе на дроги. Додека со Детоксикацијата Нов Живот се осетив сигурен и смирен, спиењето ми беше на највисоко ниво без да се будам навечер и да неможам да заспијам. На дрога не мислев воопшто туку со целата енергија која ми се врати по заврашувањето на детоксикацијата бев спремен да го направам целиот програм на Нарконон и бев спремен да победувам и да го извадам најдоброто.

Кога почнав со Објективите, првите вежби ме направија многу поцврст, покомуникативен, ме научија да се справувам со оригинации, да имам контрола и да ги занемарувам коментарите, да бидам секогаш истраен и да не отстапувам од моите цели, да ги исполнувам со намера без резервираност. На објективите открив кој сум навистина, како се менувам кон многу подобро и тоа ме направи да се сменам комплетно и да не ги повторувам старите грешки. Ги соочив сите грешки и се справив за повеќе никогаш да не ги повторувам. Свеста ми се зголеми и тоа ми ја зголеми самодовербата, никогаш да не се откажувам од своите цели и да бидам упорен и истраен до крај.

“… Cега правам конструктивни акции и не подржувам деструктивни, и сум спремен да помагам.”

Со помош на курсот Надминување на нестабилноста во животот сватив кои лиѓе сум ги имал околу мене и зошто сум почнал да земам дроги, сега сум подготвен да справувам секакви супресии. На курсот Лични вредности си ги увидов штетните акции и си ја внесов етиката, сега правам конструктивни акции и не подржувам деструктивни, и сум спремен да помагам.

За време на курсот Менување на состојбите во животот ги средив состојбите до највисоко ниво и сум сигурен дека и така ќе продолжам за тоа што си ги знам грешките и повеќе нема да ги повторувам. Нарконон Програмата ме направи свесен, етичен и конструктивен член на ова општество кој придонесува во него.

Дипломец на Нарконон Програмата - Б.К.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА