Враќање во Општеството

Враќање во Општеството

Со почнувањето да земам дрога станав една деструктивна личност која ги кршеше законите и го мразеше целото општество. Кога бев под дејство на дрога имав многу ниска свест и не размислував многу за последиците. Бев една груба личност без чувства, дрогата ме правеше агресивен и така се однесував кон целото општество. Не ги почитував законите во собраќајот, возев брзо и со тоа ги ставав во опасност животите на другите членови во собраќајот. Кога немав пари а имав потреба за дрога правев непромислени работи како кражби, обивање на автомобили, рекет и други прекршоци.

Сега кога сум ослободен од дроги и имам повисока свесност гледам поинаку на работите и на целото општество, ги почитувам законите и придонесувам за општеството така што им помогнувам на луѓето и правам акции кои ќе ја надоместат штетата што ја имам причинето. Бидејќи штетата што ја имам причинето кон општеството е доста голема а јас имам за цел да ја надоместам цела, планирам да продолжам со конструктивните акции.

Студент во Нарконон Балкан – Г.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА