Време е за Победа

komunikaciski vezhbi pobedi комуникациски вежби и победи

Откако ја завршив програмата за прочистување Детоксикацијата Нов Живот и започнав со комуникациските вежби осеќам толку многу големо подобрување што ни самиот не можам да си поверувам. Повеќе не ја осеќам депресијата а и паранојата со која што се борев долго време, ме измачуваше, ме запираше да одам напред и да успевам во животот.

Целосно сум вратен во нормала, умствено се осеќам многу подобро, самодовербата ми е вратена, меморијата и комуникацијата ми се подобрени, поприсутен сум во тоа што го правам и гледам светла иднина со многу успеси.

„Решен сум повеќе никогаш да не земам било каква дрога во мојот живот!“

Без разлика на борбата која ме чека, со помош на вежбите стекнувам сила и моќ и повеќе не се ни сомневам дека ќе земам било каква дрога за да избегам од кој и да е проблем. Решен сум повеќе никогаш да не земам било каква дрога во мојот живот. Иако во мојот живот имало доста сурови битки и проблеми конечно сум спремен да се соочам со сите нив и да победам.

Студент на Нарконон Балкан – М.А.

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА