Зголемена свесност, кој сум бил а кој сум сега

Работејки ја оваа објектив вежба си ги зголемив способностите и ја зголемив мојата свесност за тоа кој сум јас, каков сум јас и на кое ниво се наоѓам јас во овај момент. Оваа објектив вежба ми ги отвори очите и ми помогна да погледнам на кое ниво сум бил претходно а на кое ниво сум сега и кога ќе направам споредба тогаш и сега, самиот си се восхитувам со тоа што сум го постигнал.
Сватив колку само сум бил дезориентиран во околината и како сум нанесувал такво зло на мене и на сите околу мене. Но за среќа сето тоа сега е зад мене, во мене имам такво искуство и знаење што ќе ми покажи што е правилно, но сепак сум уште “гладен” за учење, стекнување на нови способности и усовршување на истите.
Сега се чувствувам сигурно дека сум на вистинскиот пат, пат по кој треба да продолжам да се движам. Знам дека со алатккте кои што ги имам во мене, целите кои ги имам на овај пат веќе ги постигнувам, само прашање на време е кога ќе ги комплетирам сите нив.
“Ви благодарам на сите за вашето несебично споделување на знаењето и пожелувам потаму заедно да го продолжиме истото и да зачекориме кон огромни успеси.”
Ви благодарам на сите за вашето несебично споделување на знаењето и пожелувам потаму заедно да го продолжиме истото и да зачекориме кон огромни успеси.
Студент од Нарконон – Балкан - А.И.