Мојата одлука да Бидам Таму и да Соочувам

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

За време на вежбата биди таму сватив дека јас можам да контролирам какви мисли ќе имам и дали ќе дозволам да влијаат на мене. Можам да контролирам дали околината ќе влијае на мене, на пример дали ќе биде човек или некаков звук од нешто. Сега сите тие работи не влијаат на мене додека ја работам вежбата.

Оваа вежба ќе ми помогни да не дозволувам некоја личност да влијае на мене негативно, јас сум во мојот простор и таму ми е убаво, ако сака некој може да дојде да ме придружи и да уживаме, ама за тоа да се случи, сите негативни мисли ќе мора да ги остави надвор. Исто така ќе ми помогни кога ќе работам нешто вниманието да ми биде насочено кон работата. Во текот на вежбата сватив колку многу пати татко ми и дедо ми ми зборувале за мое добр, а јас не бев таму, со вниманието и со мислите сум бил во дрогите или во нешто сосема неповрзано со ситуацијата.

„Ми се опушти организмот и почнав да функционирам нормално.“

Од вчера до денес во вежбата соочување имав огромни реакции, физички и ментални. Прво се појавија физички па откако тие исчезнаа се појавија ментални реакции и на крај успеав да ги надминам и нив. За време на реакциите заприметив дека ако не му давам значење на сите тие умствени игри, тие едноставно се стопираат, физичките ги снемува и осеќам дека јас сум тој што контролира. Дали ќе се соочувам или не и кога ќе решам или одлучам да се соочам сликата ми се избиструва и физичките болки ги снемува. Фокусот ми се подобри, лицето пред мене го гледав многу чисто и бистро, се околу него беше заматено и не ме интересираше, звуците во околината ми станаја пријатни и се осеќав како во некоја зен состојба, смирено и релаксирано. После вежбата видот ми се подобри а на почеток пред мене лицето го гледав дупло, но со сакање и со упорностсите, дуплите слики исчезнаја, здрвувањето на вратот го снема и без напор го соочив лицето пред мене. Ми се опушти организмот и почнав да функционирам нормално.

Студент во Нарконон Балкан – Н.М.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА