Почнав повеќе да го сакам и ценам животот

Narconon

Курсот Објективи е нешто прекрасно што ми се има случено, го искусив многу убаво и едноставно сум презадоволен.

Се чувствувам многу смирено умствено и духовно, имам поголема енергија затоа што повеќе не ја трошам на непотребни нервози и замарања за ситници кои воопшто не ми се важни во животот.

Самодовербата ми е на многу високо ниво, знам кој сум и колку вредам како човек. Увидов дека човекот колку сам се сака и цени толку и другите ќе го ценат. Претходно губев енергија и време гледајќи и анализирајќи што прават другите и зошто тоа го прават, сега не сакам да се замарам затоа што секој сам си одлучува што ќе прави во животот и како ќе го живее.

Почнав повеќе да го сакам и ценам животот затоа што е еден и треба да го живеам добро и квалитетно. Повеќе ги ценам малите нешта што ги имам и задоволен сум со тоа, бидејќи постојат луѓе кои немаат ништо. Започнав да се стремам да напредувам во животот и во секоја свера да одам ниво погоре.

Донесов и одлука која ми е најбитна во животот а тоа е дека ќе останам ослободен од дроги цел живот и воопшто не сакам да помислам на ништо друго.

Студент на Нарконон Балкан – А.Н.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА