Сигурност и Самодоверба на највисоко ниво

Моментално се осеќам крената во воздух а во исто време многу приземјена, многу сигурна и прецизна во моите одлуки. Многу добро поминав на оваа објектив вежба поради тоа што добив премногу самодоверба во себеси и во својте способности. Толку многу станав одлучна што точно знаев како да изработам и ништо неможеше да ме спречи во тоа.
И тие сигурност и самодоверба ми помогнаа да разберам колку не ми е потребен маж во животот за да бидам среќна и целосно исполнета. Видов дека станувам способна да ги правам работите кои ги сакам или работите кои ми се неопходни целосно сама. Сите сакаат да имаат некој во животот, но сакањето и потребата се две различни нешта.
На крајот од вежбата се осетив толку многу слободна телесно, ментално и духовно што немав апсолутно ниту една мисла која би ми влијаела на моите одлуки, немав никаков сомнеж. Толку многу бев присутна во вежбата што осетив дека не постои начин внимамието да ми избега во нешто друго.
„Не постои начин внимамието да ми избега во нешто друго.“
Сознанието што го имав е поради тоа што претходно си мислев дека ми е потребен партнер и морам да го имам за да бидам целосна, исполнета и за да бидам најдобрата верзија од себеси. Сега гледам дека стварно не ми е потребен партнер за да ги постигнам тие работи. Откако се скарав со бившиот партнер со кој бев 4 години јас незнаев како самата да се направам среќна и цело време го мислев тоа дека ми треба некој за да сум задоволна во животот. Сега ми е јасно дека самата можам да направам сешто и да направам да се чувствувам исполнето.
Студент од Нарконон – Балкан Т.Ж.