Не ми треба алкохол за да можам да функционирам
По завршувањето на Нарконон програмата сум повеќе посветен и концентриран спрема работите кои што ги правам. Посмирено разговарам со луѓето околку мене и секој проблем го справувам со разговор. Позаинтересиран сум за работите за кои предходно воопшто не сум се грижел ниту пак сум обрнувал внимание. Внимавам на околината и се грижам за неа.

Повеќе ја немам онаа потреба да конзумирам алкохол за да можам да се вклопам во средината.
Го подобрив односот со мојата фамилија и сега уживам кога сум во нивна близина. Кога сум на работа целото мое внимание е насочено спрема работите кои ги правам и ги завршувам работите многу побрзо и поефективно за разлика од предходно. Сега подобро ги проценувам луѓето кои се околу мене и знам кои се моите вистински пријатели кои ми го посакуваат најдоброто. Сфатив колку само штетно влијание ми имал предизвикано алкохолот врз мојот начин на размислување и врз мојата перцепција. Повеќе не ги избегнувам проблемите и потоа да ја барам утехата во алкохолот. Сега се соочувам со нив и ги справувам.
Гледам колку е поубав животот без алкохол и конечно живеам среќен живот кој од одамна го посакував.
Н.П. - Дипломец на Нарконон Балкан