Прекрасни Искуства од Неверојатна Авантура

Објективите се нешто најдобро што ми се случило до сега. Толку едноставно изгледаат а се неверојатно моќни. Животот ми го променија од корен, ми вратија многу изгубени или заборавени способности, ме вратија во реалноста и ме пробудија.
За првпат во мојот живот работев на самиот себе си и тоа даде неверојатни резултати. Набљудував, односно се гледав самиот себе си што правев, каков бев и кои грешки ги правев. Едноставно ми доаѓаа слики а јас ги селектирав и донесував заклучоци и одлуки. Со секој заклучок јас обновував некоја изгубена способност, тоа беше наградата.
Мора да напоменам дека се чувствувам како никогаш да не сум користел супстанции и алкохол, воопшто не ни размислувам за тоа и не ни комуницирам повеќе за тоа. За прв пат во животот си го чувствувам телото реално, онакво како што е и имам контрола врз него.
Како одминуваа објективите така мојата присутност беше посилна, па со тоа уживав и во најмали ситници. Сега можам да уживам и во пиење кафе, во обична прошетка и во слични активности од секојдневниот живот.
Свеста ми е на едно повисоко ниво. Претходната желба да правам лошо е исчезната, сега имам огромна желба да правам добри дела а тоа најдобро ќе го искористам во помагање.
“Се истражував себе си за прв пат и беше прекрасно искуство од кое научив многу за мојот живот.”
Нема повеќе хаос во главата, ми се смирија мислите и исчезнаа склетот и нервозите. Почнав да ги контролирам емоциите, станав постабилен и чисто се чувствувам. Во текот на објективите видов колку ми било лошо кога живеев без правила и без дисциплина па затоа започнав да живеам правилно и внесов дисциплина во мојот живот.
Се на се објективите беа една неверојатна авантура која ми помогна да го променам начинот на живот и начинот на размислување. Се истражував себе си за прв пат и беше прекрасно искуство од кое имав многу придобивки и научив многу за мојот живот.
Студент на Нарконон Балкан - Н.Н.